Катастрофален пораз на Македонија од Ерменија

Македонија доживеа убедлив пораз од 4-0 на гостувањето кај Ерменија со што ја прекина серијата победи, вистински трагичар на мечот беше голманот Столе Димитриевски по чија вина примивме три гола.

Македонија не одигра на посакуваното ниво потребно за да ја забележи четвртата победа во Лигата на нации, на поразот му кумуваа големите грешки на Столе Димитриевски, но и лошите одлуки на судијата.
Игор Ангеловски се реши за подефанзивна тактика која се покажа како неуспешна, Ерменија беше таа која повеќе напаѓаше и беше поопасна кон нашиот гол.
Резултатот беше отворен во 12. минута кога Пицели шутираше од далечина, а Димитриевски наместо да ја одбие топката, тој се обиде да ја фати, таа му се лизна од рацете и заврши зад гол линијата за водство на Ерменија од 1-0.
Можеби се ќе беше поинаку доколку судијата во 27. минута досудеше пенал за Македонија. Барди беше соборен во шеснаесетникот на Ерменија, очигледен прекршок кој го видоа сите освен судиите, нашата репрезентација беше оштетена.
Извор: МКД.МК