Катастрофалниот закон на СДСМ за поништување на лустрацијата ќе ги награди оние кои прогонувле и убивале дејци на ВМРО

Се навршуваат 75 години од масакрот во Велес кога 53 видни Велешани беа егзекутирани и убиени без судење. Според обдукцијата биле усмртени на најсуров начин, односно со токмаци и железа со удари во главата, а некои и стрелани. Тоа беа жртвите на комунистичкиот режим чија масовна гробница беше откопана дури во 1996 година, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев дебатирајќи на седницата на која се утврдуваше дневен ред, при што предложи точката за расправа по поништување на Законот за лустрација да се повлече.

Укажа дека тој ден без судење е убиен 40-годишен лекар доктор Богдан Поп Ѓорчев деец на Македонската младинска револуционерна организација, на свиреп начин убиен е Благој Ѓорчев на 36 години кој бил служител, Димко Крепиев на 60 години кој бил деец на ВМРО, Лазар Крепиев на 64 години без судење со удари во главата, и многу други.

-Убиени се без судење, убиени се неколку години потоа петте струмички студенти на 19 години, убиен е со еден куршум во главата и еден во срцето Стево Топчев на 19 години, Мирко Пецев на 23 години, Јармов на 22 години, Костуранов на 21 и Белев на 22 ги собрале од игранка од корзо и ги однеле на Беласица. Затворени се и убиени илјадници други луѓе, рече Ѓорчев.

Според него „ваков каков што е предложен катастрофалниот и мизирен закон на СДСМ ќе ги награди оние кои ги прогонувле, убивале, кодешеле овие луѓе“.

-Од тие причини предлагам во име на историската правда, точката за поништување на правни акти, дејствија да се повлече, посочи Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.