20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Катица Јанева поднела тужба на Боки 13 за неовластено снимање

Пораншната претседателска на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева поднела приватна тужба против првобивнетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски „Боки 13“ поради тоа што неовластено ја снимал во нејзиниот дом.

Јанева тужбата ја поднела пред два месеца, а денеска таа се најде во дополнетите докази на судењето за случајот. Адвокатите сметаат и дека во нејзина полза е одлуката на обвинителството да повлече дел од доказите како одземените мобилни телефони.

Адвокатот на Јовановски жестоко реагираше на одлуката на судот да не го сослуша поранешниот директор на УБК, Горан Николовски. За него е спорен и вештакот кој на претходното рочиште според него потврдил дека мобилниот телефон на Боки 13 воопшто не бил вештачен.

Јанева денеска презентираше и извод од трансакциска смета на нејзиниот татко со која тврди дека неговото лекување во приватна болница било платено, како и документи поврзани со времениот пасош на Орце Камчев. Но судот одби да ги изведе како докази аудио снимките кои во декември се најдоа на Јутјуб на кои се слушаше глас на рекетираниот бизнисмен Орце Камчев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.