Катица одмара, истрагата за „Рекет“ тапка во место

Три недели по апсењето на Бојан Јовановски и откривањето на мега скандалот „Рекет“ истрагата за тој се’ бил вмешано во изнудувањето на милионски суми пари се чини тапка во место. Покрај ова, лицата за кои постојат сериозни индиции дека се наоѓаат во самиот врв од групата која го вршела рекетот се уште се на слобода. Меѓу нив и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која деновиве е забележана на една од грчките плажи заедно со нејзиниот син, Лазар Јанев.

ВМРО ДПМНЕ денеска уште побара Јавното обвинителство за организиран криминал сериозно да се посвети на истрагата за случајот „Рекет“ и да ја прошири истрагата не само на извршителите, туку и на нарачателите.

„Бараме итно проширување  на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени.Сведоци сме на најголемиот рекет систем во независна Македонија. Секој ден се јавуваат жртвите на рекетарите на власта, систем кој опстојува две години и во кој се рекетирани милионски суми не може да постои и функционира без за  него да знае врхушката на власта. Експертите од правната фела се децидни, да беше некој друг на местото на  Јанева, до сега ќе беше во притвор“, вели генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.

И премиерот Зоран Заев го повика обвинителството да ја истера истрагата до крај.

„Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата“, рече Заев во видео обраќање објавено на социјалните мрежи.

Но, и покрај ваквите пораки од владините функционери и политичките партии од Обвинителство досега нема информации до каде е стигната истрагата и дали се истражуваат сите аспекти кои досега ги наметнаа и медиумите со своите информации.

Нови моменти во истрагата или нејзино проширување не можеме да очекуваме наскоро и поради фактот што обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, од минатата недела е на годишен одмор.

Останува фактот дека и покрај тоа што Русковска откри дека се слуша глас на обвинителка како зборува на спикерфон додека Јовановски изнудувал пари од бизнисмен обвинителката, за која постојат сомневања дека е вмешана, не е повикана да даде изјава во Обвинителството и да се утврди нејзината улога во криминалните активности на Јовановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.