Католиците на Шри Ланка во недела на литургија пред телевизорите

Католичката црква во Шри Ланка во недела на верниците ќе им овозможи следење приватна литургија на телевизиските екрани, имајќи предвид дека верските обреди се откажани поради заканите со напади кои не престануваат откако на католички Велигден во оваа земја во самоубиствени напади беа убиени најмалку 257 лица, соопштија во саботата црковни избори.

Мисите кои се отворени за јавноста не се одржуваат веќе втора седмица по ред. Кардиналот Малколм Ранџит вети дека во недела ќе се одржи приватна литургија којашто ќе биде емитувана на националната телевизија, објави неговиот портпарол, свештеникот Едмунд Тилакаранте.

„Ќе биде исто како и минатата недела, кога литургијата беше одржана во капелата на митрополитот и во живо ќе биде пренесувана на телевизијата“, рекол портпаролот.

Кардиналот Ранџит, надбискуп на Коломбо, во четвртокот изјави дека „доверлив стански извор“ го предупредил на можен напад во текот на овој викенд, поради што се решил да го одложи одржувањето на мисата во неделата, вторпат по ред.

Официјални извори тврдат дека веројатно цел требало да биде базиликата Тевате, на периферијата од главниот град Коломбо. Војската таму веќе распоредила стотици војнции. „Не е откриен никаков експлозив, но во таа област ги заостривме безбедносните мерки“, рекол за AFP неименуван полициски извор.

Владата на Шри Ланка планира во понеделник повторно да ги отвори училиштата кои се затворени од католички Велигден, но Католичката црква извести дека училиштата под нејзината ингеренција на недоредено време ќе останат затворени. Во текот на овој викенд полицијата ги засилила сите операции на надзор пред повеќе од 10.000 ученици да се вратат во јавните училишта на Шри Ланка, по принудно продолжениот празничен распуст.