Кавадарчанка злоупотребила украдена картичка

Четириесет и четиригодишна жителка на Кавадарцо е кривично пријавена под сомневање дека на жената со чијшто син живеела во вонбрачна заедница ѝ ја одземала платежната картичка и со неа од банкомат извадила околу 300 евра.

Секторот за внатрешни работи Велес информираче во четвртоко дека поднел кривична пријава против 44-годишнта Ј.М. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавената во Кавадарци во периодот додека престојувала во куќата на Е.В. со кого живее во вонбрачна заедница, од паричникот на Е.А., мајката на Е.В., со којашто живеат во заедница, ја зела нејзината банкарска картичка и на 4-ти јануари во Кавадарци од банкомат на банка, неовластено подигнала 18.000 денари, по што картичката ја вратила во паричникот.