Кавадарчанец жртва на коронавирусот во САД, позитивни се и неговата сопруга и ќерка

Педесет и осум годишниот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги години живееше во Чикаго, САД пред два дена починал од корона вирус- објави ктв.мк.  Позитивни на вирусот се и сопругата и едно од трите деца, односно, постарата ќерка.

Во тек е донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски.

Од семејството на Тодорчев велат дека собраните средства ќе и помогнат на фамилијата да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој бил единствениот вработен во семејството.

Со донаторската акција планирано е да се соберат 75.000 долари, а досега се собрани над 40 илјади долари.

Сите кои сакаат да донираат можат тоа да го сторат преку следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/in-loving-memory-of-pepi-todorcev?utm_source=facebook&fbclid=IwAR2Z12RatOMSvIoO6od_4Mss5w_hPzMd2TdaCbqgR0t94qSXDkXt8faGTfk