Кавадарци: Крстот во рацете на 17 – годишниот Стефан Ѓорѓиев

Седумнаесетгодишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци го фати светиот крст фрлен во водите на реката Луда Мара, по повод денешниот празник Богојавление-Водици.

Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече Ѓорѓиев во изјава за медиумите.

Од името на Локалната самоуправа, денешниот празник на сите граѓани им го честита секретарот на општината, Кире Делов.

Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе, нагласи  Делов.

Во студените води на реката по крстот скокнаа  девет лица. Најсреќниот доби телевизор од локалната самоуправа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.