Кавани се погрижи промашувањето на Ибра од пенал да остане во втор план

Златан Ибрахимовиќ пропушти одлична можност да му донесе уште поубедлива победа на ПСЖ против Генгамп, откако не успеа да реализира пенал во 86-та минута од средбата и да го постигне својот втор гол вечерва, но неговото промашување падна во втор план по обидот на Единсон Кавани да стигне до одбиената топка.