Кавга меѓу Лондон и Париз за смртта на 27 мигранти

40
This photograph taken on November 24, 2021 shows a French volunteer sea rescue organisation Societe Nationale de Sauvetage en Mer (SNSM) boat carrying bodies of migrants arriving at Calais harbour after 27 migrants died in the sinking of their boat off the coast of Calais. (Photo by FRANCOIS LO PRESTI / AFP)

Британските и француските функционери продолжија со меѓусебните обвинувања од средата откако 27 мигранти се удавија во каналот Ла Манш во обидот до дојдат до британскиот брег, во една од најлошите несреќи во кои страдаа мигранти во морето меѓу двете земји.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е „шокиран и згрозен“ од смртта на мигрантите и апелираше Франција да стори повеќе за да ги одбие мигрантите од обидот за минување на каналот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, изјави дека Лондон треба да престане да го политизира ова прашање за домашни потреби, додека неговиот министер за внатрешни работи Жерлад Дерманен рече дека и Велика Британија би требала да биде дел оид одговорот.

Франција претходно во средата објави дека 31 мигрант го загубил животот, но подоцна бројката беше ревидирана на 27 жртви. Двајца мигранти се наоѓаат во критична состојба во болница со тешка настинка.

Француската полиција уапси четворица обвинети за криумчарење со луѓе за кои постојат сомневања дека се вклучени токму во овој инцидент. Според француската полиција, засега не е познат идентитетот и националноста на мигрантите.

Повторната контрола на британските граници беше една од најважните точки во процесот на брегзитот пред референдумот од јуни 2016 година, а приливот на мигранти кој во апсолутни бројки на дневно ниво е споредлив со актуелниот од Беролусија во балтичките земји, е прашање на постојана тензичност меѓу Лондон и Париз.

Францускиот претседател Макрон изјави дека агенцијата за границите Фронтекс треба да добие повеќе финансиски средства за да ги заштити надворешните граници на Европската унија, со што би се спречило собирањето на мигрантите на северните брегови на Франција.

Британија последните седмици ги обвини француските власти дека ништо не преземаат додека илјадници миграти го напуштаат францускиот брег. Париз ги отфрла таквите обвинувања.

„Франција нема да дозволи Каналот да стане гробница“, изјави францускиот претседател Макрон.

Повеќе мигранти отколку вообичаено во средата запловиле од францискиот брег сакајќи да го искористат мирното море, наведуваат локалните рибари, иако водата е многу студена.

Каналот Ла Манш, или Англискиот канал, како што го нарекуваат во Британија, е еден од најфреквентните бродски правци а струите таму се многу силни. Трговците со луѓе обично ги преоптоваруваат гумените чамци со кои ги пренесуваат мигрантите меѓу Франција и Англија оставајќи ги одвај да бидат на површината, препуштени на милост и немилост на брановите додека се обидуваат да стасаат до британскиот брег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.