Кавга помеѓу двајцата директори на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Економскиот директор на клиниката Валон Беља на својот фејсбукстатус обајви дека сегашната директорка на клиниката фаворизирала одредена лабораторија за испитување.

По неговата објава денеска со прес конфернција од клиниката за гинекологија велат дека станува за процедура која поминала по редовен пат. Причина за ваквото однесување на економскиот директор е тоа што директорката Јовановска не сакала да и не гледала причина за ангажирање на двајца советници на економнскиот директор.

Раководителот на интензивната нега за каде се потребни овие испитувања објаснува дека е незамисливо да не оди напред со медицината каде се спасува животот на предвремно родените деца.

За време на пресот во гинекологија не се видовме со економскиот директор, не беше таму. Тој дојде нешто подоцна во обвинителство каде ги пријави како што вели незаконските дела.

За него проблем било што имало малку вработени Албнаци на клиниката, а на прашањето зошто му се потребни двајца советници не одговори

Министерот за здравство посочи дека ќе се состане со директорите.

Валон Беља во јавноста е познат кога во него пред Нова година беше пукано во престрелка и за него има три кривични пријави.