Казахстан бара нови рути за својата нафта

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев ѝ порачал на својата влада во четвртокот да ги диверзификува рутите за испорака на нафта, ден откако рускиот суд му нареди на Каспискиот нафтововен конзорциум да ја запре работата на 30 дена поради излевање на нафтата и предизвикување загадување на природната средина.

Во средата судот во рускиот град Новоросиск му нареди на Каспискиот нафтововен конзорциум (CPC), кој управува со околу 1 отсто од светската нафта, да ја запре работата на еден месец наведувајќи ги проблемите предизвикани со излевањето на нафтата.

Запирањето на нафтоводот, кој пренесува 80 отсто од нафтата од големото нафтено поле Тенгиз во Казахстан преку Русија до Црното Море, би го оптоварил нафтениот пазар токму во периодот кога пазарот, поради западните антируски санкции поради војната во Украина, се соочува со една од најтешките криза во снабдувањето од арапското нафтено ембарго од 1970-те.

Токаев, кој настојува да ги развие односите со Западот и да ги урамнотежи релациите со Русија и со Кина, нарачал студија за градење нафтовод преку Каспиското Море, претходно предложен проект кој би ја пренесувал казахстанската нафта во Европа заобиколувајќи ја Русија.

Како приоритет тој се однесува на Транскасписката рита којашто минува низа Кина, Казахстам, акваториумот на Каспиското Море, Азербејцан, Грузија, Турција и Црното Море.

Токаев, исто така, порачал дека треба да се подобри пристанишната инфраструктура на Каспиското Море опишувајќи ја како „стратешка задача“ за казахстанската влада.

Исклучително зависен од извозот на фосилните горива, Казахстан се потпира на руските нафтоводи за извоз на својата нафта во Европа.