Казенев: Во тек е полициска акција во Дамартан ен Гуел

Изутринава, околу девет часа дојде до престрелка во Дамартан ен Гуел, на Националниот пат 2, во зоната каде се распоредени елитните полициски сили кои трагаат по браќата Шериф и Саид Куаши, јавува МИА.

Претходно беше сигнализирано дека е украден автомобил од марката Пежо 206 во Виле-Котере на северо-истотокот од Париз, од две лица кои се совпаѓаат со портретот на браќата Шериф и Саид Куаши.

Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев ја потврди веста дека е во тек полициска акција во Дамартан ен Гулел, каде елитните полициски сили веднаш реагираа.

Реакцијата на безбедносните сили беше брза, бидејќи се наоѓаа недалку од местото на инцидентот, со оглед дека имале информации дека двајцата терористи се криеле во оваа област, каде што беа забележани вчера.

Казенев нагласи дека истрагата за убиството на полицајката во Монтруж напредува брзо.

Претходно беше сигнализирано дека е украден автомобил од марката Пежо 206 во Виле-Котре на северо истотокот од Париз, од две лица кои се совпаѓаат со портретот на браќата Шериф и Саид Куаши.

Полициските извори потврдија дека има заложници во едно претпријатие. Од Министерството за внатрешни работи не е потврдена веста за заложници, но е потврдена дека е во тек полициска операција. Според очевидци пет хеликоптери го надлетуваат местото на престрелката.

Утринскиот Кризен состанок во Елисејската палата траеше пократко од предвиденото,  а во моментов околу претседателот Франсоа Оланд се наоѓаат само премиерот и министрите за внатрешни работи и правда, што зборува за сериозноста на ситуацијата.

Францускиот претседател имал бесона ноќ, во која добар дел го поминал во телефонски разговор со блиските на жртвите во нападот врз Шарли Ебдо.

фото: melty.fr