Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше дезинфекциони средства во вредност од 20.000 на гевгелиската болница

Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против КОВИД-19 вирусот.

Оваа пандемија сосема го измени начинот на живот во целиот свет и ги преполни болниците со пациенти кои се борат за својот живот. Фактот дека никој не е поштеден, дека овој вирус не распознава нација, вера, пол и други определби ни покажа дека слогата е единственото нешто кое ќе ни помогне во овие тешки денови.

Токму затоа компанијата Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, претходно донираше и болнички кревети, во износ од 20.000,00 евра во оваа болница или вкупно 40.000,00 евра во неопходна медицинска опрема.

Водени од својата општествена одговорност и можноста да се помогне на нашата заедница Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија заедно со останатите членки на групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС Македонија, овој месец ќе реализираат донации во здравствените институции кои имаат КОВИД-19 центри во вкупен износ од 200.000,00 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.