Казна од 1.100 долари за една пцовка!

Од оваа недела, во нов Јужен Велс на сила стапуваат на сила новите прописи за парични казни. Висината на казните драматично е зголемена. Така, на пример, казните за употреба на пцовка и агресвно однесување се зголемени од 50 на 1.100 долари.

Лицата кои ќе продолжат да го кршат јавниот ред и мир, иако полицијата веќе ги издвои, ќе бидат казнети со 1.100, наместо досегашните 200 долари. Казните се изрекуваат на лице место.

Пораката е јасна: „Насилното, агресивното и антисоцијалното однесување едноставно нема да биде толерирано, соопшти државниот правобранител, Грег Смит. Било кој и да ја игнорира оваа порака треба да се подготви да научи навистина скапа лекција “, додал тој.