Казна од 1.800 евра за Општина Кисела Вода за исечено дрво за градоначалникот Темелковски

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски.

Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје, велат од оваа институција.

Додаваат дека заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.