Казнети 107 возачи за брзо возење на автопатот Велес – Скопје – Куманово

Денеска (21.11.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 107 возачи. Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.