Казнети 135 возачи во Аеродром, Центар и Карпош

Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2021), во периодот од 20.00 до 04.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, и тоа во oпштина Аеродром, општина Центар и општина Карпош, при што се санкционирани 135 возачи.

Во периодот од 20.30 до 00.00 часот на територија на општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без возачка дозвола, две мерки за измината важност на регистрација на возилото, 14 санкции за возење под дејство на алкохол….

Во периодот од 00.00 до 04.00 часот на територија на општина Карпош санкционирани се вкупно 29 учесници во сообраќајот, од кои четири управувале возило без возачка дозвола, 18 возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник…

Во времето од 00.00 до 04.00 часот на територија на општина Центар санкционирани се вкупно 46 возачи, од кои пет управувале без возачка дозвола, 17 возачи управувале под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник…

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.