Казнети 151 возач во Скопје – 39 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.