Казнети 172 лица за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.