Казнети 183 возачи во Скопје, 25 од нив возеле пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 25 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.