Казнети 186 возачи за брзо возење на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (4 март) од 8 до 20 часот спровеле засилени контролни активности за брзина со која се движат возилата во и надвор од населените места, во кои вкупно биле откриени и санкционирани 186 прекршоци (ТЕ-137 и ГВ-49).Притоа, 103 возачи (ТЕ-79 и ГВ-21) ја пречекориле максимално дозволената брзина во населено место, додека 83 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место (ТЕ-58 и ГВ-25).

Од нив, 4 возачи се движеле за повеќе од 70 километри  на час над дозволената брзина(ТЕ-3 и ГВ1), а 19 возачи (ТЕ-8 и ГВ-11) пречекориле за 50 до 70 километри на час.На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од тоа- за колку километри на час пречекориле и ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година.Во овие активности,исто така, биле санкционирани и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-22).

СВР Тетово со апел до возачите секогаш и секаде да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, со што ќе придонесат за посигурни патишта на подрачјето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.