Казнети 250 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 250 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 77 прекршоци, 18 технички неисправни и нерегистрирани возила, 66 мерки за непрописно паркирање, 61 возило подигнато со „пајак“ и 33 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.