Казнети 310 возачи за пречекорување на дозволената брзина

Во текот на вторникот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи.

Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.