Казнети 317 возачи во Скопје, 120 за пречекорена брзина

Полицијата во изминатото дененоќие на територијата на Скопје казнила 317 возачи. Меѓу нив 16 лица биле без возачка дозвола, 120 за пребрзо возење, 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 32 моторциклисти, 128 возила биле подигнати со пајак, а 31 казна била напишана поради неносење заштитна маска.

Од МВР велат дека засилените сообраќајна контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.