Казнети 407 возачи за пребрзо возење: Еден од нив возел дури 224 километри на час

Во текот на вчерашниот ден (06.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 407 возачи. Од нив 86 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 288 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.