Казнети 409 лица бидејќи не носеле маска, 12 не ја почитувале забраната за движење

Од 22.00 часот (02.04.2021) до 05.00 часот (03.04.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.04.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 409 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.