Казнети 415 граѓани за неносење заштитна маска

Четиристотини и петнаесет прекршоци регистрирало Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.