Казнети 458 возачи на мотоцикли

Во периодот од 09.05.2022 до 15.05.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 458 возачи. Од нив, 280 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 104 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.