Казнети 522 лица за неносење маска

На територијата на целата држава вчера се регистрирани 522 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, а во периодот од 23 часот синоќа до 05 часот утринава забраната за движење не ја почитувале 5 лица, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.