Казнети 90 лица во Охрид, 46 во Струга за неносење маска

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.