Kaзнети четири локали во Центар поради гласна музика

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика, се вели во соопштението на Општина Центар.

Од општината информираат дека акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

Општина Центар соопшти дека четири локали се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.