Казнети над 900 граѓани кои не носеле заштитни маски, речиси 600 со решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.