Казнети повеќе бугарски пратеници – не носеле маски во парламентот

Екипа на Софискиот здравствен инспекторат денеска изврши ненадејна проверка во Народното собрание на Бугарија и како што јави дописникот на МИА од Софија, без маски фатила 21 пратеник, меѓу кои целата пратеничка група на “Преродба“, петмина од ГЕРБ, двајца од „Има таков народ“ и еден од „Демократска Бугарија“.

Пратениците сега ќе треба да се јават во Софискиот здравствен инспекторат за да им бидат доставени административни казни.

Казните се движат од 300 лева (150 евра) до 1.000 лева (500 евра).

Во меѓувреме „Преродба“ денеска поднесе жалба до Уставниот суд на Бугарија за зелениот сертификат.

Претседателот на партијата, Костадин Костадинов, рече дека документот треба да се укине.

Тие подготвиле жалба до Уставниот суд и почнаа разговори со претставници на другите политички партии во бугарскиот Парламент. Костадинов најави и дека од нивната партија  веќе се собрани 48 потписи, што е минимум за поднесување уставна жалба.

Жалбата е поддржаа и пратениците од „Има таков народ“ и од ГЕРБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.