Казнети се 915 лица заради неносење на маска

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во последните 24 часа на територијата на Македонија казнети се 915 лица поради неносење на маска или прекривка на лицето заради заштита од коронавирусот. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.