Казни од по 500 евра им се закануваат на четири лица за непочитување на полицискиот час

78

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози од по 500 евра против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа“, соопшти штипското обвинителство.

Надлежен јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од по 500 евра, односно 50 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра.​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.