Казни за 11 возила што вршат јавен превоз поради неисправност во акциска контрола на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (27 јануари) од 8 до 12 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.При контролата, откриени и санкционирани се 11 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-6), од кои 6 возила (ТЕ-4 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 3 (ГВ) биле со неизвршен технички преглед, 1 (ТЕ) со неисправен уред и 1 возило (ГВ) не поседувало потребна опрема. Во контролата, исто така, биле констатирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-6) кои, исто така, биле заокружени со поднесоци и кои ќе се соочат со адекватни парични глоби.