Казни за 136 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за недавање првенство на минување на пешаци … Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.