Казни за 157 возачи во Скопје – 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.