Казни за 378 лица, не носеле заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие во целата држава по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР, исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.