Казни за 40 лица кои не носеле заштитни маски во тетовско

Тетовската полиција продолжува со издавањето повеќе десетици прекршочни платни налози за неносење заштитни маски согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот.

„Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи – Тетово за периодот 28 и 29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 40 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба“, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР – Тетово бележи 18 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, додека вкупно биле контролирани 206 лица. Изјави за самоизолација потпишале пет лица, а контрола била извршена на 20 луѓе