Казни за земјите од ЕУ кои не ги регистрираат бегалците на граница

Европската комисија утре ќе отвори кривични постапки против државите од ЕУ, кои не ги регистрираат странците, што влегуваат во нивните земји, соопшти портпаролот на ЕК, Наташа Берто.

Таа нагласи дека според заедничкото законодавство секој граѓанин на држава што не е членка на ЕУ треба да биде регистриран и да му бидат земени отпечатоци од прсти при влез во Унијата.

Портпаролката не кажа кои се државите, што ќе бидат казнети, но додаде дека тие веќе биле известени.

Бројот на регистрирани мигранти не е во согласност со бројот на лица што влегле во ЕУ, нагласи Берто.

ЕК е длабоко загрижена од состојбата на границите, истакна вториот портпарол на Комисијата Маргаритис Скинас.

Според Скинас, унгарскиот премиер Виктор Орбан е клучен играч во изнаоѓање на решение за бегалската криза, додавајќи дека ЕК предлага мерки, што вклучуваат порешително враќање на мигрантите што нема да добијат статус на бегалци, зголемување на безбедноста на надворешните граници, како и казнување на државите кои одбиваат да учествуваат во квтотите за распределба на бегалците.