Ќе донесат ли полза за обичниот човек проектите како поврат на ДДВ и вештачкото зголемување на платите

По две и пол години од владата на Зоран Заев и неговиот СДСМ, економската состојба во државата не се подобрува, напротив и се влошува, а најавените проекти како според експертите нема да донесат полза за живтониот стандард на обичниот граѓанин, па предупредуваат дека вештачкото згоелмување на платите ќе ги остави работниците на улица, како и дека потребно е да се намали данокот наместо да се воведуваат скапи и нефункционални апликации за повратот на данокот на додаден вредност (ДДВ).

Изминува трета година откако се ветуваше проект кој што ќе донесе 13-та плата во семејствата, соочени со лоши изборни резултати, властите се сетија на проектот „поврат на ДДВ“. Самиот проект е замислен така што граѓаните би плаќале ДДВ, потоа ќе ја пријавуваат фискалната сметка, а државата би им вратиле 15 проценти од оданоченото, пишува во саботата Курир.мк.

Звучи комплицирано и покрај тоа што е јасно дека повеќе пари ќе добиваат тие што повеќе трошат, односно повеќе имаат, тука дополнително се вметнува и скапа апликација за паметен телефон. И сето тоа власта смета дека ќе ја намали сивата економија, ќе стимулира фискализација, а граѓаните ќе потрчаат за 15-те проценти поврат од платеното ДДВ.

Но сето тоа има многу недостатоци. Тоа што веднаш паѓа во очи е дека законот е насочен кон оние кои трошат повеќе, односно имаат големи приходи и не се борат ден за ден очекувајќи ги 500-те евра просечна плата ветена во изборната кампања. Всушност оние и кои тргуваат кај трговци кои не издаваат фискални сметки нема ниту да помислат да бараат фискални, затоа што токму тие трговци даваат попусти кои изнесуваат многу повеќе од 15 проценти од ДДВ.

Уште повеќе, овој систем предвидува категорија на граѓани кои поседуваат поскапи паметни телефони, со апликации, во која што секако се исклучуваат социјално ранливите категории и огромниот капацитет на внимателни потрошувачи, а тоа се пензионерите. Секако на ова треба да се погледне и од другата страна, онаа која се залага за ваков систем. Станува збор за скап софтвер кој ќе може истовремнено, секојдневно, без временски ограничувања да опслужи над над милиони граѓани- потрошувачи во државата.

Тоа подразбира скап софтвер и поддршка, како и оптоварување на даночната администрација со уште еден економски нелогичен проект. Вториот аспект од оваа страна е и прашањето кој тоа (ќе) ја изработува и администрира со оваа програма, дали тоа ќе биде државна компанија или некоја од компаниите блиски до власта?

Оттука, заклучува Курир, се наметнува и главното прашање од граѓаните, и секако од економстите, зошто наместо скап и некорисен проект кој што исклучува голема група на потрошувачи, проект кој отвора многу сомнителни прашања за исплатливоста во борбата со сивата економија, едноставно не се намали висината на ДДВ за тие 15 отсто, односно зошто ДДВ не се нивелира на 16-процентни поени?

Зголемувањето на платите без реално зголемен економски обем е најштетната мерка којашто една власт може да ја спроведе, пишува во продолжение пораталот.

Кога властите во Македонија со таков зафат ги качија платите, Светската банка реагираше со оценка дека мерката може да биде штетна особено за нископродуктивните гранки кои ќе се соочат со сериозни проблеми кои на крајот на денот треба да ги платат самите работници.

Но, популизмот е нешто што тешко ја следи власта во Македонија. Во недостиг на реални економски политики, без отворање на нови добро платени работни места и политика кон реална зголемување на платите, власта и премиерот се обидува преку инстиционални и законски интервенции во делот на минималната плата козметички да ја подигне просечната плата.

Премиерот повторно потегнува кон вакви зафати и тоа во изборна кампања. Ниту при првото покачување не се зголеми стандардот на работниците, ниту пак придонесе за подобар живот на граѓаните. Недостатокот на реални економски политики во релација со козметичкото покачување на платите сега дополнително може да предизвика притисок врз економијата и дури и отпуштање на работници во некои индустриски гранки како кожарската и во текстилната индустрија, а во прв момент предизвикува манипулации и ставање на работниците во незавидна положба пред газдите а се со цел изигрување на вакво законско решение за вештачко зголемување на платите.

Дополнително кон целата слика за економските активности во Македонија, периодов власта во Македонија руши рекорди со неефикасно фунцкионирање и нереализирани капитални инвестиции, евидентно преку рекордно најниски 6проценти капитални инвестиции во првите три месеци од годината, ресорното министерство за финансии и самиот министер Тевдовски се фалат дека бил консолидиран јавниот долг.

Тоа што го подобрува квалитетот на граѓаните, на работниците не се само платите туку и подобра инфраструктура, образование и здравство, и други капитални проекти.

Тоа се проекти кои ќе ја оттргнат Македонија од оценката „нула“ дадена од германската стопанска комора за македонските економски политики. Односно, катастрофални економски политики ја уназадуваат економијата во последните 2,5 години.

Затоа и граѓаните, но и експертската јавност посочуваат дека власта, од премиерот и неговите министри до економските советници, покажале целосно непознавање на економските движења и дека е потребен сериозен хируршки зафат за да на одговорните места да дојдат луѓ кои знаат како да водат економија во насока на подобрување на животниот стандард и услови за живот на македонските граѓани.