Ќе гледаме ли лидерски дуел Заев – Мицковски?

Во пресрет на значајни процеси и историски одлуки пред кои пред се’ се исправен политичарите и пратениците во Собранието премиерот Зоран Заев се уште без конкретен одговор на повикот од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски да се соочат на телевизиски дуел.

Премиерот Заев наместо јасен одговор дали ја прифаќа „фрлената ракавица“ од политичкиот ривал Мицковски вели дека пред да се согласи на телевизиски мегдан лидерот на ВМРО ДПМНЕ да одговори дали е за членство во НАТО и Европската Унија.

„Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски, но чесно е тој да го каже својот став-дали е за членство во ЕУ и НАТО со поддршка од Договорот од Преспа и ако не е да ја каже алтернативата. Тогаш нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен за соочување зашто тоа  е демократски чин“, рече Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

 

За ВМРО ДПМНЕ изјавата на Заев е доказ дека премиерот бега од јавно соочување со опозицискиот лидер.

„Кукавички, со разно разни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со Претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли. Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Мицковски го повика Заев на телевизиско соочување пред два дена говорејќи на протестот на опозицијата пред Владата, потоа го прозва и на социјалните мрежи.

„Тешко му е да оди на дебата, ама не му е тешко да излаже. Устите им се полни со Европа, но само формално, не и на дело. Една од основните придобивки на европската политика е отвореноста и дебатата, тоа го заслужуваат и нашите граѓани. Наместо афрички монарх, прифатете европски вредности. Ајде без изговори, без банални оправдувања Заев прифатете дебата? Велите да сум ја кажел алтернативата, ќе ви ја кажам, тоа е вие да си заминете од власт, веднаш и што побрзо, затоа што со Вас Македонија тоне во црнила и драматично губи, имаме држава пред економски банкрот, за се останато ќе чуете на дебатата која се надевам дека ќе ја прифатите!“, напиша пред два дена Мицковски.

Мицковски и Заев досега имаа само едно телевизиско соочување. Во мај годинава двајцата лидери се “, аргументите во студиото на Македонската радио телевизија.