Ќе играм исто како во Европа

Новиот кошаркар на „Далас Маверикс“, Словенецот  Лука Дончиќ вели дека не може да дочека да почне новата НБА сезона и оти се надева дека ќе се пласираат во плеј-офот. Многумина веруваат дека иднината на „Маверикс“ вс во голема мера зависи од соработката на Денис Смит и Дончиќ, но и со Германецот Дирк Новитцки.

Одличен е кон мене, задоволство ми е да ја делам соблекувалната со него оваа година. Сите знаеме кој е тој и што направил за кошарката. Многумина ми даваат совети, сите ветерани, но Дирк особено- на што треба да бидам подготвен , на кој начин НБА се разликува од Европа, вели Словенецот.

 

Тој истакнува дека нема да биде толку тешко да се навикне на животот во Тексас, како и дека живее пет минути од арената.

Би сакал да пласираме во плејофот, а лично … мислам дека секој дебитант сака да ја добие наградата за руки на годината. Секогаш велам дека чувствувам притисок од 16-годишната возраст, заборавам за него кога ќе излезам на терен, не читам многу од она што се пишува. Тука е поинаку, некои правила се различни, но јас ќе ја играм мојата игра, на ист начин како играв во Европа. Морам да работам напорно за да станам играч каков што сакам, треба да направам напредок во сите сегменти. Тренерот Карлајл знае што сака од тимот и од мене, вели Дончиќ.