Косовската влада расправа дали ќе се плаќаа дополнителна царина во виина од 30 отсто за земјоделските производи кои се увезуваат и од Македонија.
Минатата недела косовското Министерството за трговија донесе одлука да се воведе привремена заштитна царина на 21 земјоделски производи. Трговците за овошје и зеленчук од Косово веднаш реагираа и побараа одлуката да се укине бидејќи е дискриминирачка и ќе ги поскапи земјоделските производи, пренесе Алсат М.