Ќе мора да се проверуваат стоките меѓу Ирска и Британија, но не на граница

Главниот преговарач на Европската унија за постигнување договор за истапувањето од нејзиното членство на Велика Британија, Мишел Барние, изјави во средата дека ќе мора да се проверуваат стоките кои патуваат меѓу Унијата и Британија, но дека контролите нама да се вршат на ирскиот остров, на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, откако Обединетото Кралство ќе излезе од ЕУ кон крајот на март следната година.

„Мора да се проверуваат стоките кои патуваат меѓу ЕУ и ВБ, но се договоривме дека контролите нема да се извршуваат на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска“, изјави Мишел Барние во говорот на конференцијата на претприемачите во Евопскиот парламент.

Тоа значи дека ќе треба да се проверуваат стоките коишто во Северна Ирска доаѓаат од остатокот од Велика Британја. На тоа жестоко се спротиставува северноирската пробританска унионистичка партија DUP, којашто на владата на британската премиерка Тереза Меј ѝ го обезбедува неопходното мнозинство во парламентот. Премиерката Меј, исто така, истакнува дека нема да прифати никакво решение коешто различно би ј атретирал Северна Ирска од остаткот на Кралството.

Барние рече дека договорот е на „дофат од раката“ меѓу двете страни, кои интензивно преговараат оваа седмица за да дојдат до компромисни решенија околу кои се уште постојат разлики, велејќи дека е потребно да оствари напредок до самитот на ЕУ кој ќе се одржи следната седмица и кој се смета за решавачки за прашањето ќе брегизтот ќе мине со или без договор.

Барние рече и дека двете страни исклучуваат постаување физичка граница на ирскиот остров, но дека брегзтот наметнува потреба од царинење, проверка на стоките за да се утврди дали ги задоволуваат стандардите на ЕУ, и решавање на прашањата поврзани со данокот на додадената вредност.

Европскиот преговарач додаде дека царинските декларации би можеле да се пополнуваат онлајн однапред, а потоа би требало само да се скенираат бар-кодовите на камионите и контејнерите, што би можело да биде направено на траектите и во пристаништата. Меѓутоа, за преминувањето на животни и производи од животинско потекло, проверките би морало да се вршат на границата. Барние истакна дека проверките би требало да се вршат што е можно поедноставно.

Прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска, којашто ќе биде единствената копнена граница меѓу ЕУ и Велика Британија, е последното прашање коешто уште не е решено за да се дојде до договорот за излегувањето на Обединетото Кралство. Следната седмица, во среда и четврток, ќе се одржи самитот на ЕУ на кој челниците на 27-те земји членки ќе сакаат да знаат дали има напредок во преговорите, за потоа на дополнителен вонреден самит кој средината на ноември се усогласи заеедничка декларација за идните односи.