Македонија

Неизвесна судбината на спогодбата Ќе падне ли владата на Грција поради договорот со Македонија?

Ќе падне ли владата на Грција поради договорот со Македонија?

Првиот човек на „Независни Грци“ Каменос  му упати ултиматум на Ципрас – или ратификување на спогодбата  со  проширено мнозинство од 180 пратеници, од вкупно 300 колку што ги има, наместо просто од 151 пратеник, или владата ќе падне, објави „Канал 5“.

По лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос и  министерот за сообраќај и врски од истите редови,  Мавраганис, тврди дека „потписот на Коѕијас на нацрт договорот нема никаква правна вредност“.

„Прво правната вредност на овој потпис е минимална па дури и ја нема. Второ, важно е дали парламентот ќе го ратификува. Трето, баравме 180 пратеници. Ако не дојдеме до 180, владата ќе падне. Ние ќе се повлечеме од владата“, рекол Мавраганис.

Тој смета дека, ако главната опозициска партија „Нова демократија“ не сака да се изјасни во парламентот за договорот со Скопје, на Грција и претстојат нови избори.

Опозициската – Нова демократија веќе се изјасни – какво мнозинство и да одбере владата, нема да гласа за ратификација на договорот.