12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Ќе поднесеме предлог закон за амнестија на сите инволвирани од 27 април

ВМРО–ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој истакна дека власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција. Затоа ќе поднесеме предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии, истакна Стоилковски.