Ќе се формира алијанса против џихадисти на ИД

Ќе се формира алијанса против џихадисти на ИД

Државниот секретар на САД, Џон Кери денес во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој работи на тоа да се поттикне договор за основање алијанса за борба против џихадисти на Исламска Држава.

Ќе се разговара за повеќе прашања од заеднички интерес

Кери и Лавров на маргините на самитот на Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија ќе „разговараат за низа прашања од заеднички интерес“, најави неименуван висок претставник на Стејт департментот, не наведувајќи повеќе детали.

Официјална Москва работи на тоа сириската Влада и земјите во тој регион, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, да воспостават алијанса против џихадисти на ИД, кои зазедоа поголеми делови од сириската територија за време на граѓанската војна меѓу силите на сириската влада и бунтовниците.

САД и Турција со независна зона од ИД во Сирија

Независна зона од Исламска држава ќе формираат САД и Турција, соопштија денеска американски претставници.

zonaЦелта е воспоставување слободна зона од Исламска држава и обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија, изјави неименуван американски претставник.

Деталите на „слободната зона“ треба се уште да се разработат, но наведе дека „евентуалните заеднички воени напори нема да вклучат зона забранета за летови“, што подолго време го бара Турција, рече тој.

Договорот уследи по седмицата на насилства во Турција за што властите ја обвинија ПКК и екстремисти од ИД.

Бран напади на мети на ИД во Сирија

Турција ја нападна Исламска држава, утринава, кога воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Авионите не го нарушиле сириското воздушно пространство.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија. Нападите биле извршени во четири часот, а уништени биле три објекти на Исламска држава.

Оваа акција на турската армија се случува по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

 

 

Службите во Турција во текот на минатиот месец во Истанбул и Анкара спроведоа антитерористички акции во кои беа уапсени стотици лица поврзани со ИД.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.